Денес екипи од повеќе реони отпочнаа акција на уредување на зеленилото на булевар Борис Трајковски. Теренските екипи заедно со екипи од ЈП Комунална хигена во соработка со општина Кисела Вода извршија активности на чистење и средување на јавните површини на овој дел од општината. На посочената локација нашите екипи извршија косење на тревната површина, кастрење на дивоникната нискостеблеста вегетација, собирање хартија, отпадоци и лисја долж булеварот. Грижата за почисти и уредени јавни простори останува наш секојдневен ангажман и приоритет.