Во организација на Град Скопје заедно со општините и Јавните претпријатија, денес и вчера се одржа голема акција  под мотото „За почисто Скопје“ за масовно чистење на јавните површини низ градското подрачје.

Со оваа акција, екипно распределени, двата дена се работеше на активности како: кроење на дрвја, косење, чистење и  уредување на јавни зелени површини, чистење на зеленилото од отпадоци и смет. Активностите се одвиваа опфаќајќи повеќе локации низ сите скопски општини. Активно учество во акцијата дадоа и директорот Ardijan Muҫa, Техничкиот директор Игор Велјаноски заедно со екипите како и дел од администрацијата.

 

Share