Како општествено одговорно претпријатие активностите за зазеленување на градот ги продолжуваме понатаму. За успешно реализирање на оваа цел свој придонес со садење на садници, покрај директорот дадоа и претседателката и членовите на управниот и надзорниот одбор на претпријатието. Новите засадени зимзелени садници го облагородија зеленилото во паркот Македонија, како неминовна содржина на јавните зелени површини.
Нивната несебична вложеност е пример во заложбите за уредување на зеленилото во градот.