Избран нов претседател и Извршен одбор на Синдикатот на ЈП Паркови и зеленило

 

На седницата одржана на 23.01.2025 година беше избран  нов претседател и Извршниот одбор на Синдикалната организација при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

За претседател на Извршниот одбор е избран Заим Исмаили кој доаѓа од Флораком ДООЕЛ, додека за членови на Извршниот одбор беа избрани: Снежана Костовска, Буши Адем и Игор Паладов од сектор Градско зеленило, Абдула Рамадани од сектор Вонградско зеленило, Бујамин Алија од Администрација, Јовица Младеновски од сектор Механизација,  Феми Синани од сектор Подигање на зеленило и Снежана Деспотоска од Луна ДООЕЛ. Сите членови на Извршниот одбор се воедно и претседатели во своите сектори.

На истата седница беше избран и нов Надзорен одбор за контрола на работењето на Извршниот одбор на синдикалната организација при ЈП Паркови и зеленило во состав: Наташа Алексовска, Силвана Гонџева и Хасани Насер.

Share