Во соработка со Општина Сарај и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, денеска се спроведува акција за чистење и уредување на паркот во Сарај, со присуство на градоначалникот на Општина Сарај, г. Мухамед Елмази и директорот на претпријатието, г. Муамер Сефери.
Во рамки на акцијата се реализираат активности за:
• чистење на површините во паркот
• кастрење и сечење на дрвјата
• отстранување на отпадот и уредување на зелените површини
Нашата цел е овој парк – како една од најубавите и најфреквентните зелени површини во Сарај – да остане чисто, безбедно и пријатно место за граѓаните, семејствата и децата.
Акцијата ќе продолжи и во наредните денови и ќе се реализира и во други општини, во рамки на заложбите за одржување на зелените површини низ целиот град.