Управниот одбор е орган на управување на Претпријатието кој го именува односно разрешува Советот на Град. Бројот и составот на членовите на Управниот одбор го утврдува Советот на Град Скопје со Решение за именување.
Управниот одбор има Претседател кој се избира од редот на членовите, ги свикува седниците, се грижи за извршување на актите на Управниот одбор, и врши други работи утврдени со Деловникот за работа на Управниот одбор.