Со доаѓањето на топлите денови, зеленилото е тоа кое се издвојува со својата разноликост давајќи свежина и природна колоритност. Дел од таа разноликост се и цвеќињата. Така, со интензивни активности екипите периодов започнаа со садење на сезонскиот цветен расад. Оваа година во производствените погони на претпријатието се произведе 300.000 летен расад.  Низ сите реони во цветните леи и фигури низ градското зеленило, во тек е промената на зимскиот расад со нов летен цветен расад. Од видовите на летниот расад се садат: тагетес, бегонија, петунија, вербена, далија, цилозија, импатиенс, колеус, како и перени од видот: сантолина, лаванда, рузмарин и други. Покрај ова цветно разубавување на јавното зеленило, периодов се одвива и уредување на зелените површини со садење на нови садници. Новите украсни и декоративни садници, веќе се забележуваат низ градот, каде  екипите периодов ги засадуваат нa повеќе локации низ зелените плоштади, зелени коридори и скверови.

Share