Поволните временски услови овозможија непречено одвивање на активностите кои периодов нашите екипи посветено ги извршуваат низ сите реони. На веќе планираните локации низ повеќето скопски општини, изминативе денови интензивно се одвива пролената акција за садење на садници. На претходно подготвениот терен и извршените ископи за садење садници,  деновиве екипите насадија листопадни и зимзелени садници како и украсни грмушки од производните расадници на  нашето претпријатие. Со акцијата е планирано да се реализира надополнување на зелените површни со садници секаде каде недостасува низ парковите, зеленилото долж булеварите и магистралните градски улици. Акцијата на садење ќе продолжи и наредните денови.

Share