Активностите за уредување на зеленилото низ градот, екипите посветено ги реализираат и во општина Карпош. На површина од 5.960 м², етапно се изврши подигање ново зеленило, поставувајќи нов систем за полевање. Поточно на аголот помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Љубљанска“ во близина на ТЦ Сити мол, ова е целосно ново зазеленување на овој простор.
Продолжуваме со проектите каде што нашите екипи во координација со Град Скопје, во континуитет уредуваат сè повеќе вакви зелени површини низ сите скопски општини.