Планираните проекти за ново хортикултурно уредување на јавните зелени површини во градот, се дел од зацртаните активности кои ги започнавме периодов. Зелени уредени површини е токму она кон кое се стремиме. Така, во делот на подигање и уредување на нови зелени површини,  се уреди зеленилото на средишната жардиниера на бул. 12-та Македонска Бригада. Поради локацијата, густината како и поголема прегледност во сообраќајот, а согласно хортикултурните норми за ваков тип на уредување, се налагаше потребата од реконструкција и компактено уредено зелено на овој булевар во општина Аеродром.

По издаден налог од страна на Град Скопје, нашите екипи  изминатиов период извршија комплетна реконструкција на средната лента на бул. 12-та Македонска Бригада. На површина од 2.761м² долж булеварот, жардиниерата сe пополни со  квалитетна почва, се изврши рамнење на почвата, се постави нов систем за полевање капка по капка, а се засеа и трева.  Уредувањето ќе се дополни и со засадување на садници.

Share