Теренските екипи по налог на Град Скопје целосно го завршија уредувањето на новиот парк во населбата Ченто, кој се простира на површина од 5.000м². Паркот што се протега од улицата Јужноморавски бригади до каналот во општина Гази Баба, е комплетно ново место за рекреација и одмор на отворено за посетителите, особено за жителите од овој дел на градот.

На оваа нова парковска површина, место кое претходно беше запуштено и полно со шут и ѓубре, се изврши расчистување на теренот, порамнување на површината и пополнување на површината со квалитетна хумусна почва. Се поставија и нови хидранти, поп-ап прскалки и систем за наводнување „капка по капка“. Паркот е збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво, кои со својата форма и намена целосно го надополнуваат изгледот и содржината во новиот парк. Хортикултурното уредување ќе опфати и доуредување на паркот соглсно временските услови во периодот што следи, каде ќе бидат засадени листопадни и зимзелени сданици, како и разубавување со два алпинетуми.

Во паркот има и една главна пешачка патека и три пристапни патеки, а покрај патеките ќе се постави и останата урбана опрема соодветна за парковската површина.

Share