• Утрово екипи од СРЦ Сарај, ги расчистуваат паднатите лисја од тревните површини, паркинг просторот во паркот и пешачките патеки. Се собираат отпадоците и се врши утовар во камион.
  • Оваа недела ја започнуваме со садење на нашето омилено цвеќе за месец октомври, а тоа е хризантемата. Името “chrysanthemum” инаку потекнува од старо грчкото chrysos (злато) и anthemon (цвет). Долж главните булевари на Скопје есента ќе зазлати уште повеќе.
  • По налог на Град Скопје, поради изградба на дел од ул.Партизанска (согласно ДУП), денес екипите на терен пресадија три од планираните 4 дрвја – два јавори, еден див костен и еден јасен. Процедурата се одвиваше во најдобар можен ред, а овие дрвја ќе продолжат да дишат во кругот на Зоолошката градина.
Share