Започнувајќи од населба Влае, па сѐ до Центар, нашите теренски екипи денес вршат полевање на садниците на средната жардиниера на булевар Партизански Одреди. Оваа жардиниера е богата со разни видови јавори, млади садници (thuja aurea, nandina, juniperus), нискостеблеста вегетација (taxus bacata, thuja smaragd, chamaciperis, hortenzia), лаванда и рози.
Биодиверзитетот во ваква урбана средина е од големо значење и не само што дава убав естетски изглед на градот, туку и го подобрува квалитетот на воздухот филтрирајќи ги загадувачите (јаглерод диоксид, сулфур диоксид и др.) и ја намалува бучавата делувајќи како звучна бариера во сообраќајот.
Share