Изминативе денови со интензивни активности на косење на тревна површина, сечење на дивоникната нискостеблеста вегетација, обликување на дрвја и грмушки, теренските екипи работеа на неколку локации во реон Кале.
Активностите на уредување се реализираа на зеленилото на булевар Никола Карев, улица Самоилова, како и дел од зеленилото на кејот на Вардар.
Во рамките на акцијата се опфати уредување и расчистување на овој дел од градот, каде учествуваа и екипи од другите градски претпријатија.
Share