-По пријава од граѓани за паднато дрво на бул. 8 ми Септември, теренските екипи утрово извршија интервенција на расчистување на истото.
– Исто така екипите со возило платформа работеа и на поткастрување на гранки на три дрвја во кругот на ЈУЗ Универзитетска клиника за хематологија на ул. Мајка Тереза бр. 17 по издадено Решение од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје.

 

Есенската покривка од лисја, е карактеристична во Октомври.

-Нашите екипи секојдневно како и викендов ги собираат лисјата од тревните површини низ Градскиот парк, ги расчистуваат пешачките патеки, собираат хартија и вршат утовар во камион. Ве очекуваме да го посетите паркот и поминете пријатен сончев викенд со Вашите најмили!

Share