За парковите да бидат уредни и чисти во населбата Топанско Поле се погрижија екипите на терен од тој реон.
Прошетката низ парковите е идеална за доживување на есенската магија од жолто – златни нијанси на природата во овој период. Екипите од Градскиот парк редовно се грижат чистејќи ги пешачките и песочните патеки од паднатите лисја за попријатен престој за посетителите.
Започнавме со есенско садење на садници низ: Бул. В.С. Бато, Парк Македонија, Бул. АСНОМ, Бул. К.Ј. Питу, Бул. 3-та Македонска Бригада
Денес нашите екипи извршија заштита со прскање на цветниот расад во населба Маџари, против сиво гниење (botritis cinerea).

Share