Фокусирано работиме на уредување на јавното зеленило на булеварите во градот.
По должина на страничното и средишното зеленило на булевар Осми Септември деновиве екипирано, со соодветна механизација, вршиме отстранување на пенушки, корења и дивоизрасната вегетација, обликување на дрвјата, како и хортикултурно уредување со нови садници.
Активностите ќе продолжат и наредните денови согласно динамиката и предвидениот план за работа.
Share