Со доаѓањето на топлите денови, зеленилото е тоа кое се издвојува со својата разноликост давајќи свежина и колоритност. Дел од таа разноликост се цвеќињата. На повеќе локации низ јавното зеленило, екипите периодов вршат садење на цветен расад низ цветните површини, каде што во повеќе бои љубичицата е таа која ќе ги разубавува цветните леи и цветните фигури низ зеленилото во градот.
Покрај ова цветно разубавување на јавното зеленило, периодов се одвива и уредување на зелените површини со садење на нови садници. Новите украсни и декоративни садници, веќе се забележуваат низ градот, каде екипите периодов ги засадуваат на повеќе локации.