Изминатиов период теренските екипи по налог на Град Скопје забрзано работат на подигање и уредување на нови зелени површини на повеќе локации низ градот.  Со зголемен интензитет периодов екипите работат на уредување на новиот парк во населбата Ченто, кој се простира на површина од 5.000м². Паркот што се протега од улицата Јужноморавски бригади до каналот, екипите веќе извршија расчистување на теренот, се изврши и порамнување на површината а се нанесе и квалитетна почва. Во тек е поставувањето на нови хидранти, поп-ап прскалки и систем за наводнување „капка по капка“ со должина од 400 метри. Хортикултурното уредување ќе опфати и подигање на нова трева, а соглсно временските услови во периодот што следи, во паркот ќе бидат засадени листопадни и зимзелени сданици, како и разубавување со два алпинетуми, со што овој нов парк ќе биде ново убаво зелено место за одмор и релаксација жителите за овој дел од градот.

Исто така, нова зелена површина се уреди и на булевар Македонија. Екипите изминатиов период извршија уредување на површина од 580 м² на булевар Македонија, каде се инсталира нов систем за наводнување, нови хидранти и поп-ап прскалки, каде наредниот период оваа нова површина ќе се уреди и со нови садници.

Истовремено, во тек се активностите на уредување и на проектот во соработка со Град Скопје, за целосна реконструкција на левата страна на зеленилото на Кеј на реката Вардар, кој се одвива етапно воспоставувајќи мултуфункцинален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки и вело патеки во интерес на сите граѓани.

Share