Екипи од реонот Карпош заедно со вработени од Флораком ДООЕЛ, започнаа заеднича акција за расчистување на големиот стакленик  на влезот на претпријатието. Дел од стаклениците, кои повеќе години не беа во функција и беа неуредени и запуштени, по предлог на новото раководство и со заложби на сите потенцијали на претпријатието,  започнаа  повторно да се враќаат во функција. Расчистувајќи ги од диво израснато зеленило, коров, гранки, избојци и смет  екипите ќе работат на уредување на просторот, овозможувајќи ги неопходните и потребни услови за производство на цветен расад. Ова е дел од целите за домаќинско работење на претпријатието, за проширување и продаблочување на сите капацитети за производство со што полека ја враќаме  конкурентноста на пазарот.

Share