Континуирано продолжуваме на раззеленување и уредување  на јавните површини  на кои во целина ги поставуваме на зелената карта на градот. Она на што со особена посветеност  и труд секојднено сме насочени се токму подигнувањето и уредувањето на површините низ булеварското зеленило. Токму таква површина на која изминатиов период  теренските екипи работеа е јавната зелена површина  на булевар „АСНОМ“ кај Ист Гејт од улицата Беласица до објектот  кај ЈП Комунална хигена. Површините се наоѓаат лево и десно на булеварот како и средишната лента, која е поставена поради новото сообраќајно решение и вкупно опфаќаат околу 2.050 квадратни метри, на две општини Гази Баба и Центар. Интервенцијата се реализираше етапно,  каде што редоследно се изврши прекопување на површината, се нанесе  плодна почва, се инсталира систем за поевање, како и се засади новопредвидената вегетација со подигање на тревник.  Хортикултурното уредување се заокружи како целина која има целосно нов изглед на овој дел од градот. Во страничните појаси на булеварот се засадија грмушки, а во средишната жардиниера листопадни садници. Основниот фонд го очинуваат листопадни и зимзелени дрвја и грмушки кои се прилагодени токму за ова поднебје, а со тоа нивниот раст целосно ќе се вклопи во предвидениот простор.

Share