Викендов екипите од сектор Дрвореди  успешно ги реализираа активностите на отстранување на две дрвја на булеварот 8 Септември, каде истите претставуваа голем ризик и имаа опасност од паѓање загрозувајќи ја безбедноста на минувачите и на сообраќајот.
Акцијата ја спроведовме по издадени Решенија од страна на Секторот за комунлани работи на Град Скопје и тоа: Решение број 14-6/291-2 од 2.5.2020 година и Решение број 14-6/234-2 од 2009 година. За заедничката координација и соработка, голема благодарност до општина Карпош, Територијалната противпожарна бригада, СВР и екипите од ЈП „Градски паркинг“.

Share