Денес градоналчаничката Данела Арсовска и директорот Зухејр Реџепи присуствуваа на садење садници на кејот на Вардар, во заедничка соработка со Стопанска банка АД Скопје.

Повеќегодишните дрвја од видовите липа, јавор, даб, каталпа и јапонска цреша, кои се донација од банката, изминатиов период ги засадивме во центарот на градот, како и покрај патеката на кејот на Вардар, на потегот од мостот Обединети нации до мостот 8ми Септември.

Со оваа донација од Стопанска банка годинава засадивме вкупно 378 дрвја, а соработката ќе продолжи и во наредните години, при што е планирано да се насадат околу 1.500 садници.

Share