Во тековните активности кои периодов нашите екипи ги извршуваат во делот на одржување на јавните зелени површини низ градот, се врши косење на зеленилото низ сите скопски општини . Екипите низ сите реони веќе вршат и трето косење на кејот на Вардар. Изминатиов период од двете страни на кејот на р.Вардар го искосивме зеленилото од мостот Близнак кон Ново Лисиче во општина Аеродром, а во тек е и косењето на зеленилото кај делот под Кале. Екипите деновиве исто така вршат повторно косење во делот на кејот кај Градскиот парк. Во текот на оваа недела, со поинтензивни активности од двете страни на кејот се коси зеленилото од мајорниот горен дел на кејот во заедничка координација со екипи од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје од мостот во Хром продолжувајќи кон делот кај Карпош 4 и Карпош 3 до хотелот Александар Палас. Активностите на косење продолжуваат и во текот на наредниот период низ сите површини каде вегетацијата и зеленилото налагаат нејзино редовно одржување.