Паркот Жена Борец од денес е збогатен со 31 елка – донација од Стопанска банка АД Скопје.
Во присуство на претставници од банката и претпријатието донираните елки, кои досега ги красеа експозитурите на банката за новогодишните празници, екипите ги засадија во партерните делови на паркот со што го облагородија просторот во центарот на градот.
Од Стопанска банка најавија продолжување на соработката за претстојното пролетно садење, кога ќе бидат донирани и други садници од различни видови.
Share