Тековните активности за одржување и уредување на јавните зелени површини низ градот се одвиваат редоследно. Во таа насока нашите екипи координирано во заедничка соработка со општина Аеродром секојдневно извршуваат собирање на лисната маса од зеленилото. Со механизација и ангажираност на работниците од тој реон, ваквата успешна соработка продолжува, со цел реализирајќи ги заложбите за чисто Скопје. Исто така, собирање на лисјата од зеленилото како и останатите сезонски активности на нашите екипи се одвиваат и низ останатите  реони во гардот, отанувајќи посветени  на грижата за чист и зелен град.

Share