Екипите деновиве со акција за косење на зеленилото на кејот на р.Вардар вршат интензивни активности на уредување на вегетацијата во кординација и по налог на Град Скопје. Акцијата екипите  ја оттпочнаа во Ново Лисиче на потег од мостот Близнак се до ЈП „Лајка“ каде што неделава работат на косење на неуредените тревни површини, кастрење на гранки, сечење избојци како и утовар во камион. Со соодветна механизација екипите работат на косење и чистење на површните како и уредување на дивоизрасната вегетација на овој простор.

Истовремено, во склоп на оваа акција на косење на зеленилото на кејот се работи и од левата страна на Вардар,  каде што се врши уредување на зеленилото  на вливот на Лепенец во Вардар до мостот на бул.8 ми Септември.

Оваа акција е планирано да се реализира до крајот на оваа недела и е дел од вонредните работни активности на екипите, каде во соработка со Град Скопје  посветено и  редовно ги одржуваме јавните зелени површини во градот, во корист на сите посетители и рекреативци на кејот на Вардар.

Share