Месец  декември е во знакот на празничните денови и прослави. По тој повод и оваа година Флораком ДООЕЛ во расадникот на булевар Илинден број 104 и во расадникот Бутел има понуда на природни елки. Елката како неизбежен елемент од украсувањето и уредувањето на празничната атмосфера, граѓаните ќе можат да ја набават по цена од 700 денари со висина до 70cm, како и по цена од 1.800 денари, со висина до 3,5 метри од видот смрча (lat.picea excelsa). Исто така, во продавницата на Флораком ДООЕЛ во населбата Капиштец, сè нудат новогодишни икебани и декорации како дел од овогодинешниот продажен асортиман.

Share