Во паркот на природата Гази Баба се спроведе акција за чистење отпад. Во организација на American Corner Skopje со поддршка на Амбасадата на САД,  по повод  Светскиот ден на планетата Земја #earthday, претставниците во соработка со дел од вработените на нашето претпријатие, и претставници од неколку компании,  спроведоа голема акција за чистење на отпад низ зеленилото во паркот. Со оваа акција давајќи придонес во зачувувањето на овој прекрасен парк се одбележа овој ден, значаен за сите нас. Ова е само дел од она за што се залагаме и даваме силна поддршка за што повеќе  вакви акции и подигнување на свеста за чиста и здрава животна средина.

Share