Во програмскиот концепт за уредување на јавните зелени површини низ градот, наведен е и паркот кој деновиве го уредивме во Бутел 2. На површина од 4.320м² во близина на Поликлиниката Чаир, новото зеленило го разубави паркот, каде покрај уредвањето на просторот со ново зеленило се постави и нов систем за полевање, а со бојадисување се возобнови и детското игралиште. На заедничката работна средба, во активностите на средување  на паркот и парковските елементи учествуваа  директорот Ардијан Муча и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски.

Вака уреден, паркот е вистинско место на пријатни средби и прошетки за жителите на овој дел од градот!

Share