По налог на Град Скопје, деновиве екипите ја завршија реконструкцијата -хортикултурното уредување на јавна површина на улцата Индира Ганди во општина Шуто Оризари.
Интервенцијата се одвиваше на две локцаци. На првата локација спроти општината, работевме покрај оградата и одделните парцели со површина од 173м² на која етапно се изврши прекопување на површина, нанесување на нова плодна почва, се постави систем за полевање, подигање тревник и садење на вегетација.
Додека пак, на втората локација, во двете жардинери со површина од 194м² поставивме систем за наводнување капка по капка и се комлетираа со засадување на листопадни и зимзелени декоративни садници. Прстанестите жардинери на овој простор ги уредивме и ги дополнивме со засадување на разновидни декоративни садници.