Во дел од активностите кои се во склоп на планираните работни задачи за одржување на јавните површини и паркови се вбројуваат и обновување и поставување на нови  елементи како што се садовите за отпадоци и парковските клупи низ грaдот. Изминатиов период теренските екипи по налог на Град Скопје извршија целосно обновување на садовите за отпадоци во првиот дел од Градскиот парк. Веќепостоечките стари садови за отпадоци се обновени , поправени и целосно прицврстени на површината на земјата, а исто така екипите извршија поставување на нови садови за отпадоци онаму каде што недостасуваат. Истовремено на повеќе локации низ централното градско подрачје, како и на кејот на Вардар на горната и долната патека екипите извршија бојадисување и по потреба прицврстување на клупите. Имено, во текот на наредните денови на локација кај скалите на кејот пред Камениот мост планирано е да се постават комплетно нови талпи на клупите за седење.

Воедно, апелираме да не се оштетува поставената урбана опрема која е во интерес на сите граѓани.

Share