По повод одбележувањето на 13 години од воспоставување на дипломатски односи со Република Косово, ЈП Паркови и зеленило даде свој симболичен допринос од 13 дрвја од видот платан. Денес заедно со високи претставници на Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Косово во паркот во Чаир симболично насадивме 13 платани, каде во овој настан генералниот директор на ЈП Паркови и зеленило е претставуван од советничката Сања Ивановска.
Се надеваме дека граѓаните ќе ги чуваат новонасадените дрвја, кои ќе му дадат дополнителен шарм на еден од најстарите паркови во градот.

Share