Мимозата е вид кој се состои од околу 400 различни видови грмушки и билки. Името доаѓа од зборот „mimos“ што значи актер, и „osa“ што значи налик. Комбинацијата на овие два збора опишува како овој цвет ја изразува животворната енергија, со своите нежни ливчиња кои бргу реагираат на нечиј допир. Може да живее над 50 години формирајќи прекрасни цветови кои траат од јануари до март. Симболизира нежност, сензитивност и сензибилност. Расте на повеќе места во светот и со својата појава и мирис влева убавина.

Некои мислат дека мимозите претставуваат љубов и среќа, додека други веруваат дека тие го симболизираат крајот на зимата. Овој цвет го претставува Сонцето, на многу луѓе им носи насмевки поради неговата светла и преубава привлечност. Мимозата симболизира повик да живееме со отворено срце, да бидеме љубезни со луѓето и сочувствители за нивните потреби. Цветовите се симбол за единство и смисла на живеење, а нивната топла природа е причина за надеж. Исто така многу поети го користат овој цвет како симбол за тајна љубов, додека пак во САД мимозите се тесно поврзани со Денот на жената, каде ја претставуваат силата, одлучноста и волјата на жената. Ова е знак дека жените треба да ја почитуваат убавината која што ја поседуваат во светот.

Share