Поради проширување на улицата Васко Карангелески, денес екипите пресадија шест дрвја од видовите јасен, јавор и прунус. Повеќегодишните дрвја се пресадија со специјална машина за пресадување, во непосредна близина во зеленилото на истата улица. Увид во активностите направи директорот Реџепи Зухејр, кој гo проследи процесот на пресадување. Во првичниот план за пресадување на улицата беа планирани да се исечат 57 листопадни дрвја со 30 грмушки. Ние денес пресадивме шест дрвја и во престојниот период ќе пресадиме уште шест.

Продолжувајќи го вака животниот век на дрвјата, се грижиме за зелено Скопје!

Share