По добиена информација од УХМР дека под влијание на студена воздушна маса од север, која денес го зафати подрачјето на  град Скопје со повремени врнежи од дожд, при што во текот на денот ќе започне да дува засилен ветер од североисточен правец кој локално ќе достигне брзина до 60 км/час, ги молиме граѓаните да не ги паркираат своите возила под високи дрвја, со цел да се избегнат несакани последици.

Воедно, доколку забележат паднато дрво ги молиме истото да го пријават во ЦУК на телефонскиот број 195 или во претпријатието на телефонскиот број даден на нашата веб страна.

Share