После реакциите на социјалните мрежи и здружението ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД (ЗХГ), остварена е средба помеѓу директорот на ЈП Паркови и зеленило г.Зухејр Реџепи и здружението ЗХГ и во координација со Град Скопје договорено е да се стопираат активностите на ул.Васко Карангелески, оградувајќи се од стариот план каде било планирано да се сечат 57 листопадни дрвја и 30 грмушки. Новиот план е изготвен од страна на ЈП Паркови и зеленило, каде според мислењето на стручните лица од Флораком најсоодветно алтернативно решение е пресадувањето на 12 дрвја.

Во моментов тековно се заокружува планот на пресадување кој започна на 1 ноември, со пресадување на шест дрвја и дополнително во престојниот период ќе бидат пресадени уште шест други , со што вкупниот број на пресадени дрвја ќе биде дванаесет. Пресадувањето ќе биде на иста локација, каде ЈП Паркови и зеленило ќе го заокружи успешно проектот со крајна цел, заштита на зелената површина на град Скопје. На крајот на проектот, планирано е да се садат и нови дрвја зависно од површината на ова градска зона.

Продолжуваме со визијата за:

#ЗаМодерноСкопје

#БрзоИСигурно

Ова е мисијата на ЈП Паркови и зеленило за убав зелен град Скопје.

Share