Снежните врнежи кои викендов го зафатија подрачјето на Град Скопје, наложија активности каде нашите екипи навремено интервенираа. Согласно насоките донесени од состанокот на кризниот штаб на Град Скопје, екипите на зимската служба ги изврши посочените активности од своите надлежности. Така, низ сите реони нашите екипи извршија чистење на вегетацијата од снег, како и расчистување на снег од пешачките патеки низ јавните површини и паркови, додека пак овој пат екипите од Секторот Дрвореди немаа интервенции и пријави од Центарот за управување со кризи и граѓани за паднати дрвја и гранки.

Share