Изминатиов период екипите по налог на Град Скопје забрзано работат на подигање и уредување на јавна површина за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар. На потег од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост екипите на терен привршуваат со првата фаза на расчистување на просторот, рамнење на површината, а деновиве се отпочна и со втората фаза со која е предвидено расчистување на  просторот на минор коритото на кејот на Вардар потег од Железничкиот мост до паркот на езерцата во општина Аеродром. Екипите исто така вршат и поставување на систем за наводнување на овој потег. Реализацијата на активностите се одвиваат според планираното, спроведувајќи ги етапно.

Покрај активностите на реконструкција на зеленилото, со овој проект ќе се опфати и уредување на пешачките и вело патеки за одмор и рекреација на сите граѓани.

Share