Меѓународниот месец на подигање на свеста за ракот на дојка, традиционално и оваа година го одбележавме со симболично засадување цвеќе.
Како покровители на настанот ЈП Паркови и зеленило и претставнички од Здруженијата за борба против рак на дојка Борка – за секој нов ден и Езра, со задоволство ја продолжуваме заедничката соработка.
Разубавувајќи ја цветната форма Панделка во Градскиот парк со нов цветен расад од видот декоративна зелка го уредивме препознатливиот симбол, давајќи силна поддршка и порака во борбата против рак на дојка.
Како претпријатие, продолжуваме со заложбите за подигање на свеста, давајќи несебична поддршка на лицата кои се борат со оваа тешка болест.

Ова е мала, но значајна поддршка до сите нив.

Share