Редовните тековни активности периодов екипите ги извршуваат низ сите реони во градското зеленило. Низ јавните зелени површини и парковите екипите вршат есенски активности на одржување и уредување на зеленилото. Интензивно екипите се насочени на собирање на падната лисна маса од дрвјата, одржување на хигената низ парковите како и чистење на пешачките патеки. На делови низ јавното зеленило екипите продолжуваат со косење на тревата, собирање на откосот и утовар на истата. Кроење на дрвјата и грмушките се дел од активностите кои се налагаат во овој период од годината, а во тек продолжува и садењето на сезонскиот расад за цветно разубавување на цветните леи и фигури низ градот.

Share