Врнежите од снег кои го зафатија Скопје, веднаш ги активираa нашите екипи за навремено расчистување на паднатиот снег низ зеленилото. Следејќи ја состојбата на терен, рано утрово во активностите на расчистување, се приклучи и директорот Сотировски. Давајќи целосна поддршка,  директорот  заедно со екипите работeше на чистење на снегот од младите садници и грмушки во Градскиот парк.  Екипите исто така, интервенираат на повеќе локации низ реоните во градот каде се расчистуваат пешачките патеки,  мостовите и парковските елементи во парковите. На одредени места  расчистувањето на снегот се одвиваше со употреба и на механизија. Согласно временските услови, состојбата ќе се следи на терен, и доколку има потреба ќе се интервенира во попладневните и вечерните часови.

Share