Директор на ЈП Паркови и зеленило Зухејр Реџепи денес, направи увид на терен и го проследи развојот на активностите за есенското разубавување на градот. Воедно тој даде и свој симболичен придонес засадувајќи цвеќе заедно со работниците на бул. Партизанска, кај цветната фигура Топка и во Парк Чаир. Вака уредениот есенски расад, уверливо ќе ве пресретне низ булеварите и парковите, бидејќи посветената работа за уредени јавни зелени површини за нас е на прво место.
Планираните активности на екипите продолжуваат со уредување и одржување на зеленилото за модерно Скопје.