– Во некои реони низ градот низ булеварското зеленило и парковите вршиме косење на трева и собираме откос, собираме отпадоци од тревните површини, чистиме површини од шут и дување со дувалки откос од патеките и вршиме утовар на откосна маса. Собираме лисја од тревниците и истата маса ја изнесуваме.
– Се врши садење на есенски цветен расад од видот хризантема, љубичица, бела рада, силене и декоративна зелка во цветните леи во реоните Центар, Чаир и Аеродром.
– Во Градскиот парк се чистат асфалтните и песочните патеки, се собира хартија, лисја отпадоци. Косиме тревна површина, собираме откос и вршиме утовар на истата маса
– Со сезонски цветен расад виола, во жолта и црвена боја, ја уредивме цветната леа Знаме на бул. Александар Македонски.
– Екипите од Водно извршијакастрење на нискостеблестата вегетација, заради поголема видливост и безбедност на посетителите покрај патот на парк шумата, потег од комплекс Панорама до Средно Водно.

Share