Овие денови на повеќе локации низ јавните зелени површини, теренските екипи интензивно работат на подготовка на површините за садење на сезонскиот цветен расад. Бегонија, агератум, тагетес, целозија, колеус, цинија, цинерарија, салвија, пеларгониум и далија се цвеќињата кои во повеќе бои се садат во цветните фигури, цветните леи и рундели низ зелените површини во градот. Наведените видови на цвеќе се од сопствено производство, односно од производствените капацитети на претпријатието, каде поголем дел се користи токму за потребите за уредување на јавните зелени површини.  Така, сезонски цветен расад екипите деновиве садеа во реоните Капиштец, Центар и во Автокоманда. Разубавувањето на цветните површини низ јавното зеленило се одвива етапно на цветните делови низ булеварското зеленило, градските улици и паркови каде ќе го красат зеленилото се до почетокот на есента.

Share