Почитувани сограѓани,

Ве информираме дека поради состојбата со вирусот Ковид 19, согласно препораките на Владата на 23-тата седница се донесе: забрана за пристап на лица и возила во Парк шума Воднo секој ден во период од 18:00 до 6:00 часот наредниот ден, а се забранува и собирање на група на повеќе од пет лица, во паркови и други јавни места и јавни површини.

Апелираме дo сите граѓани да се придржуваат и ги почитуваат овие препораки, за доброто на сите нас.

Share