Екипите деновиве се ангажирани на повеќе локации низ градот, со активности за уредување, одржување и расчистување на јавните површини.
Во кањонот Матка се реализираат активности за уредување и одржување на патиштата и околниот простор. На терен беше и директорот Муамер Сефери, кој го следеше текот на работата и реализацијата на активностите.
Во Ѓорче Петров се работи на кастрење на ниската вегетација, косење и одржување на зелените површини.
Во Аеродром интензивно се работи на отстранување и расчистување на паднатите гранки, додека активности се реализираат и на повеќе други локации низ градот.