Поради високите температури и топлотниот бран, пуштен е системот за наводнување, а воедно продолжува и приоритетната активност – косење на тревните површини во повеќе реони низ градот.
Паралелно со овие активности, се врши кастрење на надвиснатите гранки од дрвја кои го отежнуваат непреченото движење низ пешачките и велосипедските патеки, како и кроење на декоративни грмушки.
По завршувањето на косењето, искосената трева се расчистува со дувалки, а се врши и собирање на хартија и отпадоци, по што се изнесуваат со камион.