Денес со заедничка меѓуопштинска соработка отпочнавме повеќе активности за уредување и разубавување на парковите и булеварското зеленило на територија на општина Аеродром.
Одблизу реализацијата на терен ја следеа в.д. директорот Муамер Сефери заедно со градоначалникот Дејан Митески.
Со соодветна механизација теренски екипи заедно со екипите на општината на повеќе локации низ зеленилото вршат машинско косење на тревните површини, собирање откос и лисја, кроење и уредување на вегетацијата, обликување на дрворедите покрај велосипедските патеки, одржување на чистотата и товарање на собраната маса во камион низ јавните површини на тој дел од градот.