Директорот Зухејр Реџепи со задовоство ја прифати иницијативата на Институтот за духовно и културно наследство на албанците – Скопје, и поканата од страна на директорот проф. д-р Скендер Асани, за одбележување на 19-годишнината од блаженството на Мајка Тереза (19.10.2022).
По тој повод, денес во знак на голема почит кон делото и неизмерната хуманост на Агнеса Гонџа Бојаџи, се засадија 5 сребрени елки на локацијата на нејзината родна куќа (скопскиот плоштад), на овој значаен денешен датум од духовниот живот на Мајка Тереза. Нека новите садници бидат симбол на продолжувањето и пренесувањето на нејзините неизмерни хуманитарни и цивилизациски вредности кои таа несебично ги ширеше. На денешниот настан ЈП Паркови и зеленило е претставуван од Сања Ивановска, советничка на директорот, која симболично засади една сребрена елка.

Share